Поранешниот капитен на Манчестер Сити, Вансан Компани, го направи својот прв силен потег како
генерален менаџер на Андерлехт. Тој успеа да го убеди својот поранешен соиграч кај „граѓаните“,
Самир Насри да го избере белгискиот гигант, а зделката стана факт уште во петокот.

Французинот, кој едно време беше меѓу најактуелните имиња во светскиот фудбал, а за последен
пат играше во англиската Премиер лига со екипата на Вест Хем, откри дека токму Комапни е
причината да се најде во Брисел, откако имал многу попримамливи понуди .
„Откако ги напуштив Вест Хем, имав исклучително многу предлози. Но со огромна доза доверба ја
одбрав таа на Андерлехт. Причината е дека ме покани мојот добар пријател и поранешен соиграч
Венсан. Го познавам многу добро, шест години бевме во ист тим, го познавам добро и сакам да му
помогнам во овој проект“, изјави Насри.
„Заедно со него, како и со новите соиграчи, ќе се обидам да дадам се од себе да постигнеме повеќе
успеси и да ги израдуваме фановите на крајот на сезоната, а и не само тогаш“, изјави Насри пред
официјалниот сајт на клубот по потпишувањето.