Настани кои ја одбележаа ЕУ во 2015

од Vladimir Zorba
88 прегледи

ЕuparlTV ги избра случувањата кои ја одбележаа измината 2015 година во Европската Унија и Европскиот Парламент.

eu gore dole

Голем дел од нив засекогаш им ги променија животите на жителите на стариот контитент.

Нападот врз Шарли Ебдо  “Тие напади  драги колеги, се напади врз сите нас. Мораме да дејствуваме” . Ова е апелот на  Мартин Шулц, претседателот на Европскиот Парламент  по вооружениот напад на  францускиот сатиричен магазин “Шарли Ебдо ”, во кој беа убиени 10 новинари и двајца полициски службеници.

images

Даночни измами и злоупотреби –Даночните практики не смеат да бидат нејасни, штетни и неоправдани. Тоа е минато ”, рече Алаин Ламасур од групата на Европската народна партија

Грчката криза Бараме договор со кредиторите кои ќе ни покажат дека сепак има светло на крајот од тунелот ”, рече  грчкиот премиер , Алексис Ципрас.  “Вие господине Ципрас провоцирате , а ние бараме компромис, му одговори Манфред Вебер лидерот на  Европска народна партија.grcija zname dupka

“Како барате да бидете запаметени, како изборна несреќа или како реален револуционерен реформатор? ”, му се обрати на грчкиот премиер  Гај Верхофстат, претседателот на Алијансата на либералите и демократите во Европскиот парламент.

Беагалци-  “Неприфатливо е да не постојат права на бегалците и со нив да се однесуваме како безлична банда која ја праќаме од една до друга граница. За нив имаме морална обврска ”, рече Џани Питела, претседател на групата социјалисти во ЕП

ограда

Меркел- Оланд   за затворање на границата – Не смееме во бегалската криза да се враќаме на државните граници”, рече германската канцеларка Ангела Меркел

Роаминг –  крај на трошоците за роаминг  , јуни 2015 –  Европа ќе биде единствено подрачје во  светот кое  ќе гарантира слободен интернет и мрежна неутралност

Терористичките напади во Париз-14 ноември 2015 :  Серија напади беа извршени на неколку локации во Париз. 127 лица загинаа,  352 беа ранети, а од нив 89 завршија со тешки повреди. Исламска држава сее смрт на европско тло. Францускиот претседател ги нарече нападите “акт на војна ”

Регистар на патници- Евиденција на патнички имиња – Патничкиот регистар или познат како “PNR” e важен инструмент во борбата против криумчарење и тероризам.  Тоа се лични податоци на патниците кои ги  користат авиокомпаниите. Тука влегуваат името на патникот, летот, датуми, правци, седишта, багаж…

Доделување на наградите Лукс и Сакхаров – Годишната филмска награда „Лукс“ на Европскиот парламент ја доби филмот „Мустанг“ (Франција, Германија, Турција и Катар) на режисерката Дениз Гамзе Ергувен. „Мустанг“ раскажува приказна за пет сестри кои се спротивставиле на локалната традиција на присилни бракови, решени да го живеат сопствениот живот по своја волја.

Блогерот од Саудиска Арабија Раиф Бадави, чие камшикување предизвика протести, е награден со Наградата за човекови права Сакаров, која ја доделува Европскиот Парламент.Бадави беше осуден на 10 годишна затворска казна, 1,000 камшици и 175.000 фунти бидејќи “го навредил Исламот“.