Наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата на Мицкоски

од Nikola Popovski
104 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со критиките кон СДСМ во однос на вчерашниот протест на просветните работници, поддржан од најголемата опозициска партија. Според владеачката партија, вчерашниот протест пред МОН беше организиран од „20-тина активисти на СДСМ и Венко Филипче“.

-Филипче нема поддршка од наставниците, затоа што знаат дека е лицемерен. До вчера Венко Филипче беше власт и можеше да им ги покачи платите, тоа не го стори.

Филипче очигледно е пуштен низ вода и во СДСМ од тие кои му кажале да организира протест, на кој има помалку луѓе отколку функционери во СДСМ.

Филипче треба да си замине од политиката. Нема поддршка од никого, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на партијата на Христијан Мицкоски.

Пред почетокот на новата учебна година опозицијата со поддршка на просветните работици во нивните барања за повисоки плати. Просветните работници дојдоа пред Министерството за образование во исто време кога министерката држеше прес-конференција за стартот на учебната година. Од неа, но и од власта побараа да им се зголемат платите, оти како што велат, наставниците се важен дел од образованието.

И првиот човек на СДСМ дојде да им даде поддршка на наставниците кои побараа повисоки плати. Рече дека овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието.

Паралелно, најголемиот синдикат за образованието, СОНК, се огради од протестот на наставниците. Од таму и оставаат можност на министерката за образование да излезе со предлог до средина на септември. Првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков, тврди дека досега не добиле одговор, освен дека нема пари во буџетот.

Слични содржини