Наставници во Австрија отпуштени бидејќи не сакале да носат маски

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Неколку австриски наставници кои упорно одбиваа да носат маски за филтрирање на честички поради заштита од ширење на коронавирус се отпуштени, објави денес весникот „Кронен цајтунг“.

Исто така, во Швајцарија на клиент кој одбил да носи маска му беше забрането да влегува во ланецот супермаркети „Мигрос“ пет години, пренесува „Ројтерс“.

Наставниците од областите Фрајштат, Феклабрук и градот Велс во горна Австрија беа отпуштени откако разговорите со властите не успеаја да ја решат ситуацијата, пишува весникот.

Други тројца наставници од Фрајштат, Браунау и Штајр, прифатија да носат маски и ги задржаа своите работни места, се наведува во весникот.

Од 25 јануари, Австрија ги заостри своите правила со воведување на задолжително носење маски FFP2 – кои филтрираат честички – таму каде што претходно беа дозволени памучни маски.

Во Швајцарија, каде носењето маски е задолжително во затворен простор, самопрогласен „бунтовник против коронавирусот“ се обидел да влезе во супермаркет во „Луцерн“ без да носи маска, пренесува „Ројтерс“.

Тој неколку пати одбивал да носи маска, а полицијата на крајот го уапси. На човекот, кој не беше именуван, му беше забранет влез и во продавниците во сопственост на „Мигрос“.

„Ако купувачот се покаже како неразумен, стане насилен, се заканува и го нарушува бизнисот, Мигрос Луцерн го задржува правото да издаде забрана“, изјави портпаролот за швајцарскиот весник.

Слични содржини