35-годишната актерка Натали Портман потврди пред англискиот весник “Метро” дека родила девојче.
Тоа ќе го носи убавото име Амалија.
Малата Амалија се појавила на светот уште на 22 февруари. За Портман и нејзиниот сопруг, кореограф Бенџамин Милпие, ова е второ дете.
Двајцата имаат и 5-годишен син.