Натепани фудбалски судии по натпревар во Скопје

Инцидентот бил пријавен пред два дена на стадион во Кисела Вода

од Nikola Popovski
464 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Двајца фудбалски судии физички нападнати по завршување на фудбалски натпревар во саботата во службени простории на стадион во Кисела Вода.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје било пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“, двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

Слични содржини