Актуелно
Почетна / Анализи / Размисли / National Post: Москва го победи Вашингтон на сите фронтови на Блискиот Исток

National Post: Москва го победи Вашингтон на сите фронтови на Блискиот Исток

1474722000-eefe

САД се принудени да се приспособуваат кон руската линија, Путин стана незаменлив арбитер во регионот

Москва успеа да го надигра Вашингтон по сириското прашање. Според новинарите од канадското издание The National Post, тоа се случило и покрај сите потсмевања и предвидувања од страна на домаќинот на Белата куќа Барак Обама за тоа дека Русија ќе потоне во сириското блато.
На пример, во материјалот, цитиран од РИА Новости, се истакнува дека пред само една година американскиот претседател претскажал дека Русија “ќе се попари во Сирија и ќе си замине срамно од својата авантура во Блискиот Исток”, додека во реалност Москва направи промени во текот на граѓанската војна.

Покрај тоа, додаваат авторите, заборавајќи за минатогодишниот сарказам на Обама, Русија и САД постигнаа договор за Сирија. Ако тоа биде применето во пракса, Москва и Вашингтон ќе започнат да напаѓаат заедно терористите од “Исламска држава” и “Џабхат ан Нусра”.

Авторите посочуваат дека Обама се приклучил кон “имагинарното сириско блато”. Изданието додава дека американскиот лидер изгледа слаб и само одговара на активностите на Москва во Блискиот Исток, додека претседателот на Русија Владимир Путин “заработил статус на незаменлив арбитер за судбината на Сирија”.

Новинарите велат дека Русија ги зајакнува и другите позиции во Блискиот Исток, вклучувајќи во Иран, подобрувањето на односите со Турција. Покрај тоа, Израел и Палестинската автономија разгледуваат можноста да започнат преговори на руска територија.

Во материјалот се вели дека Москва во регионот има две главни цели: да го запре ширењето на радикалниот ислам и да ја прекине серијата од државни преврати во земјите.

Изданието пишува дека успесите на Блискиот Исток ги натерале САД и ЕУ да се во согласност со Русија, а Вашингтон е принуден да се приспособува кон руската линија.

loading...