НАТО го демантираше Лукашенко: Ние сме во строго дефанзивна позиција

од Nikola Popovski
130 прегледи

НАТО во саботата вечерта негираше дека го зајакнува своето воено присуство на границата со Белорусија, велејќи дека ваквите обвинувања се неосновани, по изјавите на претседателот Александар Лукашенко.

„Секоја изјава во врска со зајакнувањето на НАТО на границата со Белорусија е неоснована. Како што веќе јасно кажавме, НАТО не претставува никаква закана за Белорусија или за која било друга земја и не го зајакнува военото присуство во регионот“, рече портпаролката на НАТО Оана Лунгеску во кратко соопштение.

Алијансата потенцираше дека е во „строго дефанзивна“ позиција, пренесува АФП.

„Ние остануваме будни, подготвени сме да спречиме каква било агресија и да ги браниме нашите сојузници. Го повикуваме Минск да покаже целосна почит кон основните права“, додала таа.

Лукашенко ги осуди протестите

Во саботата, Лукашенко ги посети воените единици во Гродно, во близина на полската граница, објави белоруското претседателство.

На теренот за воена обука, тој ги осудил протестите, кои, според него, биле поттикнати „однадвор“, и истакнал дека силите на НАТО се собирале во непосредна близина на границата со Белорусија, на територијата на Полска и Литванија.

Тој истакнал дека затоа белоруските сили биле ставени во мирување.

Полска ги нарече изјавите на белорускиот лидер пропаганда на режимот, додека литванскиот претседател Гитанас Науседа зборувал за „неосновани изјави за имагинарни надворешни закани“.

Слични содржини