Службата на НАТО во писмена изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ), на прашањето за српско-руската воена вежба „Словенски штит 2019“, наведе дека НАТО и Србија се партнери и го почитуваат правото на Србија да„донесува суверени одлуки во врска со вежбите кои се изведуваат на нејзината територија“.
– Тоа е прашање за Србија и Русија – се вели во одговорот на НАТО.
На вежбата „Словенски штит 2019“, учествуваа и руските ракетни системи С-400 „тајфун“ и„Панцир С“, што Русија за прват овие ситеми ги донесе во странство.
Во писмената изјава се наведува дека Србија е партнер на НАТО со кого Алијансата има„добри и продуктивни односи“.
Од таму потсетија дека Србија учествува во бројни НАТО вежби и дека во 2018 годинабила домаќин на цивилната вежба за помош при вонредни случаи, за време на којагенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го посети и Белград.-Србија, исто така, работи со НАТО за обука на ирачките воени лекари, помагајќи да сеобезбеди стабилност на Блискиот исток, се додадава во одговорот на НАТО за РСЕ.