НАТО и  додели на Украина статус на земја кандидат за членство во Алијансата, изјави заменик-претседателот на украинската Врховна Рада Ирина Герашенко, цитиран од Дојче веле.

 

Официјалниот статус на аспирации значи покана за Киев да започне разговори за пристапување во Северноатлантската заедница.

Според Герашенко, ова е важен чекор кон полноправно членство во организацијата.

“Многу е важно НАТО да го признае статусот на Украина како земја кандидат!” Чекор по чекор, ние се приближуваме до полноправно членство во Алијансата. – напиша заменик-претседателот на украинскиот парламент на Фејсбук.

  Информациите се потврдува и од објавата  на сајтот на НАТО од 9 март, во која Украина е наведена како кандидатка меѓу Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија.

До вчера, Украина не беше меѓу земјите со официјален кандидатски статус.