НАТО: Нападот врз Хутите во Јемен е одбранбен и дизајниран да ја зачува слободата на пловидбата

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Портпаролот на НАТО денеска објави дека нападите на американските и британските сили против милитантната група Хути во Јемен се „одбранбени и дизајнирани да ја зачуваат слободата на пловидба на еден од најважните водни патишта во светот“.

„Силите на Хутите се поддржани, снабдени и опремени од Иран, така што Техеран има посебна одговорност во зауздувањето на своите сојузници“, рече портпаролот на Алијансата, пренесе „Ројтерс“.

Самиот НАТО не беше вклучен во нападите, но САД и Велика Британија добија поддршка од Холандија и Канада, кои се членки на Алијансата.

Во изјавата на портпаролот не се наведува дали сите членки на НАТО го поддржуваат американско-британскиот напад врз Хутите.

Хутите претходно објавија дека во нападите се убиени пет нивни борци, а шестмина се ранети, додавајќи дека нападот „нема да помине без казна или одмазда“.

Слични содржини