НАТО: Нема индиции за намерен руски напад врз Романија

од Vladimir Zorba

НАТО денеска соопшти дека нема индиции дека остатоците од дронот пронајдени на романска територија, во близина на границата со Украина, биле резултат на намерен руски напад врз Романија.

Во понеделникот Украина изјави дека беспилотни летала експлодирале во Романија за време на руските воздушни напади врз украинското пристаниште Измаил на Дунав.

Романските власти првично го негираа ова, но во средата романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар рече дека делови од руски беспилотни летала паднале на романска територија.

Слични содржини