НАТО се подготвува за голем руски напад на своето источно крило, според таен документ на Бундесверот до кој „Билд“ имал пристап.
Во тајниот документ („Тајни информации – само за службена употреба“), германското министерство за одбрана дава детали за можниот „пат до конфликт“ меѓу Русија и НАТО. Акциите на Русија и Западот се евидентираат месец по месец, кулминирајќи со распоредување на стотици илјади војници на НАТО и избувнување на војна во летото 2025 година.
„Билд“ го опишува сценариото од документот, но од безбедносни причини не ги наведува сите информации за бројот и движењето на војниците на НАТО:
Сценариото на Бундесверот „Одбрана на Алијансата 2025“ започнува во февруари 2024 година. Русија започнува уште еден бран на мобилизација и регрутира дополнителни 200 илјади луѓе. Кремљ потоа започнува пролетна офанзива во Украина, украинската армија ќе биде потисната до јуни.
Првиот таен, а потоа сè поотворен напад на Русија на Западот започнува во јули. Се очекуваат сајбер напади и други форми на хибридна војна, главно во балтичките земји. Следува конфликт, кој Русија го користи како изговор за да започне големи вежби на нејзина територија и во Белорусија.
Според сценариото, оваа ситуација може да се влоши во октомври доколку Русија префрли војници и ракети со среден дострел во Калининград. Од декември 2024 година, вештачки предизвикани „гранични конфликти“ и „немири со бројни жртви“ се случуваат во областа на „Коридорот Сувалки“.
Во време кога САД нема да имаат лидер неколку недели по изборите, Русија со поддршка на Белорусија започнува операција на територијата на НАТО, се наведува во документот. Во мај 2025 година, НАТО презема мерки за задржување: „На денот X“ НАТО префрла 300.000 војници, вклучително и 30.000 војници на Бундесверот, на источното крило.
Сценариото завршува 30 дена по „денот Х“. Дали НАТО ќе ја запре Русија, ова прашање останува отворено во сценариото.
Да потсетиме, руските власти повеќе пати изјавија дека целта на Русија не се нови територии, како што се обидува да ги претстави Западот, туку да се заштити од воената закана од Запад, да ја обезбеди безбедноста на целата земја и да ги заштити националните интереси. Во исто време, таа останува отворена за дијалог, но на рамноправна основа, пренесува „Спутник“.