Натпреварувач во квиз го демолираше студиото по поразот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Натпреварувач во исландскиот квиз „Gettu Better“ предизвика невиден скандал кога се побуни откако неговиот тим загуби, тој реши да го демолира студиото.

Неговото дивеење стана хит на социјалните мрежи, а на видеото се гледа како натпреварувачот најпрво фрла чаша вода, а потоа го крши пултот и го напушти сетот.

Водителката Кристијана Арнарсдотир се обиде да продолжи со шоуто, но кога во позадина сè уште се слушаа звуци на разбивање, таа реши да ја прекине емисијата и објави реклами.
Патем, во квизот „Gettu Better“ („Погоди подобро“), се натпреваруваат два тима составени од средношколци или колеги од колеџ.

Конкурентот на едната екипа беше изнервиран што противниците се јавија милисекунда пред него и дадоа точен одговор на прашањето, со што се обезбеди победа.

Слични содржини