Научна средба на Европската мрежа за нетериторијална автономија (ЕНТАН) во Скопје

од Vlatko K
412 прегледи

Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје денеска ќе биде домаќин на Првата научна средба „Етнички права без сепаратизам“, организирана во соработка со Европската мрежа за нетериторијална автономија (ЕНТАН).

На средбата ќе учествуваат 50 научници и истражувачи од 27 европски земји. Меѓу присутните ќе биде и проф. д-р Тове Малој, директорка на Европскиот центар за малцински прашања од Германија, како и други еминентни професори и доктори на наука.

Оваа работна средба е дел од активностите во рамки на проектот за нетериторијална автономија, што го спроведува Универзитетот Американ колеџ Скопје, а е финансиран од европскиот фонд за наука COST. Европската меѓувладина асоцијација за соработка во науката и технологијата COST (Cooperation in Science and Technology, www.cost.eu) е најстарата европска платформа за соработка меѓу научници од сите дисциплини.

Станува збор за четиригодишен научно-истражувачки проект, под наслов „ЕНТАН – Европска мрежа за нетериторијална автономија“, чија цел да ги истражува нетериторијалните модалитети на заштита и унапредување на малцинските права, а Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) е првата македонска високообразовна институција што стана носител на проект финансиран преку овој европски фонд за наука.

Слични содржини