Научници: Физичките вежби четири часа по учење помагаат на меморијата

од desk3
147 прегледи

 

Ако сакате да совладувате нови знаења полесно одделете време за вежбање неколку часа по учењето, покажуваат резултатите од новото истражување. Според истражувањето објавено во журналот “Современа биологија” (Current Biology), напорната физичка активност околу четири часа по мозочна , помага за одржливо зачувување на новите информации.

Image_5635471_126

Експериментот вклучувал помнење на одредена серија на слики од 72 лица во рамките на 40 минути.

На дел од учесниците по случаен принцип, им било наложено да започнат вежбање веднаш потоа, други да го направат истото по четири часа, а третина воопшто да не вежбаат.