Коронавирусот може со денови да се зачува на одредени намирници, потврдија британски експерти.
Научниците направиле истражување за Агенцијата за стандардизација на храна, со изложување на намирници, меѓу другото на овошја, колачи и шишиња.
Тие ги одбраа оние субјекти што луѓето најчесто ги ставаат во уста пред да готват и мијат.
Научниците велат дека шансите луѓето да се заразат по овој пат се мали.
Во извештајот се наведува дека „спакуваните производи што биле дел од истражувањето биле изложени на Ковид-19 и не се вистински одраз на инфекција во малопродажните капацитети“.
„Ако нивото на инфекција е ниско, потребно е помалку време сè додека не се забележи вирусот“, се вели во извештајот.
Резултатите покажаа дека нивото на присуство на многу прехранбени производи значително се намалува во првите 24 часа.
Во некои случаи, вирусот преживеал до една недела, податоците се од тимови од Универзитетот во Саутемптон.
„За вирус како корона што може да се пренесе при допир на заразени производи, овие наоди го задржуваат вниманието.Луѓето ќе бидат заинтересирани да дознаат дека вирусот може да се зачува на површината на пакувањето и храната и неколку дена во одредени услови“, тврдат научниците.
Тие додаваат дека на клиентите не им требаат дополнителни мерки на претпазливост, освен да ги мијат рацете пред да јадат, но и намирниците, со цел да ги отстранат потенцијалните заразни материи од површината.
Меѓу намирниците и нештата што беа избрани за тестирање беа леб, јаболка, круши, шунка, маслинки, кроасани, шишиња и лименки.
Идејата беше да се изложат производите на количината на вирусот на која би биле доколку близу нив има некој што кашла и киа, затоа што вирусот Корона се шири со респираторни капки.
Луѓето сè уште добиваат корона со вдишување на заразени капки, наместо да ги допираат заразените површини.
„На почетокот на пандемијата, не знаевме колку долго може да се зачува вирусот на површни или амбалажи, така што проценката на ризикот е на претпоставка за најлошото сценарио.
„Ова истражување ни дава дополнителен увид во постојаноста на вирусите на површината на различни намирници и потврдува дека претпоставките од почетокот на пандемијата се точни и дека шансите да се заразиме со храна, заразена со Ковид, се мали“, вели Ентони Вилсон, микробиолог и асистент на лидерот на тимот за проценка на ризик во Агенцијата за стандардизација на храна.
Тимот спроведе истражување со промена на нивото на температура и влажност за да ги имитира типичните услови во кои се чува храната.
Тој ја мерел стапката на разложување на вирусот и дошол до неколку заклучоци.
Свежо овошје и зеленчук
Вирусот преживува подолго на производите на нерамни области како што се брокула и малини, него кај храна со мазна кора (иако површината на свежи пиперки може да преживее до една недела).
Јаболката имаат природни хемикалии во кората што можат да го деградираат Ковид-19 за неколку минути, потврдија научниците.
Печена храна
На колачи, како што се чоколадните, да речеме, вирусот се забележува по неколку часа.
Една од потенцијалните причини е, велат научниците, што се пече во фил од јајца.
Јајцата содржат арахидонска киселина која може да има антивирусен ефект.
Деликатеси
Кашкавалот и ладното месо, полни со протеини и маснотии, овозможуваат вирусот да преживее и за неколку дена – дури и до една недела.
Пијалоци и готови оброци
Ковид-19 се покажа дека преживува до седум дена на пластични контејнери, нешто помалку на картонско пакување, додека само неколку часа живеат на лименките, велат научниците.