Научници во Индонезија открија нов „најекстремен“ вид на коронавирус досега

од Vladimir Zorba
789 прегледи

Додека лекувале пациент во Индонезија, научниците ја откриле новата „најмутирана“ верзија на коронавирусот. Овој вид има повеќе од 110 мутации, двојно повеќе од омикронот.

Оваа преобликувана верзија на делта е собрана од брис на пациент во Џакарта и има 113 уникатни мутации, од кои 37 влијаат на „спајк“ протеинот што вирусот го користи за да се прикачи на луѓето, пишува Daily Mail.

Научниците го нарекоа овој досега неименуван вид „најекстремен што некогаш го виделе“, но сè уште нема докази дека сојот може да се прошири, а доколку се прошири, експертите наведуваат дека тоа нема да доведе до нов карантин.

Пациент кој е заразен, наместо да го преболи вирусот за неколку недели, страда од продолжена инфекција која може да трае неколку месеци. Инфекции како оваа се јавуваат кај пациенти со компромитиран имунолошки систем, како што се оние со СИДА или оние кои се подложени на хемотерапија за рак, кои затоа се помалку способни да се борат со вирусот.

Сепак, ваквите инфекции ги загрижуваат научниците бидејќи создаваат совршени услови за мутација на коронавирусот и на тој начин му овозможуваат да ја измами одбраната на телото.

„Како што вирусот се шири и продолжува да мутира, тоа неизбежно ќе резултира со сериозни инфекции кај најподложните, а исто така ќе го зголеми бројот на оние кои го трпат товарот на долгорочните последици од инфекцијата“, рече Лоренс Јанг, виролог во Универзитетот во Ворвик.

Слични содржини