Научните студии откриваат: Кога треба да престанете да јадете леб?

од Nikola Popovski

Лебот е незаменлив дел од секојдневните оброци на повеќето луѓе. Во многу случаи, тоа е важен дел од исхраната, ако зборуваме за леб од цели житарици или протеински леб. Некои видови леб дури придонесуваат за слабеење и намалување на крвниот притисок, тврдат истражувањата.

Сепак, постојат сериозни индикации дека лебот можеби не е добар за вашето здравје и дека треба да размислите да го отстраните од менито.

Се дебелеете

Доколку забележите дека бројките на вашата вага постојано растат, можеби е време да го намалите внесот на леб, особено ако белиот леб е вашиот избор на јаглехидрати, пренесува хрватски „Индекс“.

Според една студија објавена во „BMC Public Health“, консумирањето две или повеќе порции бел леб дневно е значително поврзано со ризикот од прекумерна тежина или дебелеење.

Вашиот крвен притисок е висок

Без разлика дали се борите со хипертензија со години или неодамна сте откриле дека вашиот крвен притисок е висок, исфрлањето на лебот од вашата исхрана може да биде најлесниот начин да ја намалите тежината.

Студијата од 2018 година објавена во списанието „Nutrients“ покажа дека консумирањето само едно парче бел леб еднаш или повеќе неделно е поврзано со висок крвен притисок.

Имате силни грчеви во стомакот

Доколку забележите дека ве боли стомакот после сендвич, тоа може да биде знак дека е време да се откажете од лебот.

Според „Celiac Disease Foundation“, луѓето со целијакија, имунолошка болест предизвикана од консумирање глутен, често доживуваат надуеност, болка, дијареа и запек откако ќе јадат храна што содржи глутен, која се наоѓа во повеќето пекарски производи.

Според Националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни заболувања, приближно 10 проценти од луѓето со целијакија ќе развијат херпетиформен дерматитис.

Обично се манифестира во мали везикули кои симетрично еруптираат на грбот, лактите, колената и скалпот, иако други делови од телото може да бидат засегнати.

Нивото на шеќер во крвта ви е нестабилно

Ако неодамна ви е дијагностициран дијабетес или преддијабетес, можеби ќе сакате да размислите за количината леб што ја јадете.

Многу комерцијално достапни лебови се полни со рафиниран шеќер, што може да претставува сериозни здравствени ризици за луѓето чиј шеќер во крвта не е адекватно контролиран.

Американското здружение за дијабет препорачува луѓето со дијабетес кои сепак одлучуваат да го задржат лебот во исхраната да изберат леб чии декларации ги наведуваат интегралните житарки како прва состојка.

Слични содржини