
Резултатите од една нова студија сугерираат на мислата, дека изложување на работи, што ги потсетуваат луѓето на кафе, може да го „разбудат“ мозокот на ист начин, како и вистинската консумација на пијалокот, објави УПИ.
„Кафето е меѓу најпопуларните пијалаци и за ефектот од него се знаат многу работи“, изјави Сем Малио, еден од авторите на истражувањето од Универзитетот во Торонто.
„Но помалку е познато за ефектот од тоа на психолошки план, или со други зборови, како гледањето нешто што не потсетува на кафе може да влијае на нашето размислување“, вели тој.
Тој увери дека дури гледањето на нешта кои потсетуваат за кафе, може да го „разбуди“ мозокот на љубител на пијалокот.
„Луѓето честопати сретнуваат знаци, поврзани со кафе, или размислуваат за
пијалокот, без во суштина да го консумираат. Сакавме да утврдиме дали постои поврзаност меѓу кафето и слично „будење“ и дали ако изложиме луѓе на поврзани со пијалокот знаци, нивното физиолошко будење ќе се зголеми, како всушност да пиеле кафе“, рече тој.
Кога зборуваме за „будење“, станува збор за мозочни области, кои се активирани до состојба на будност, истакнаа научниците. Она што го предизвикува „будењето“, може да се емоции, невротрансмитери во мозокот, па дури и консумација на пијалоци, кои содржат кофеин.
За целите на студијата, Малио и колегите ги споредиле знаците поврзани со кафето и чајот меѓу претставниците на западната или источната култура. Оние што биле изложени на знаци поврзани со кафе, процениле како времето и нивните мисли биле поврзани со поспецифични работи. Субјективното и физиолошко будење веројатно го објаснува овој ефект, заклучуваат истражувачите. Но, не сите се стимулирани на овој начин.
„Поврзаните со кафе знаци не предизвикуваат слично „будење“ меѓу претставниците на источните култури, веројатно затоа што се доминирани од кафето“, појасни Малио.
„Во Северна Америка е популарно гледањето на раководител, кој брза за работна средба со тројно еспресо во рака, т.е постои врска помеѓу земањето на кофеин и „будењето“, каква веројатно недостасува во други култури“, додава тој.
Резултатите од студијата се објавени во Concoiousness и Cognition.