Научниците алармираат: Најголемото стадо на елени во светот се намалува

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Бројот на северните елени е намален значително поради затоплувањето на климата и човековата активност, предупредија научниците, соопштија BBC. Најголемата стадо во светот се намали за 40 проценти од 2000 година. Тоа живее Тајмирскиот полуостров во северниот дел на Русија и пред 16 години околу 1 милион животни биле дел од него. Нивниот број сепак е намален на 600 илјади. Професорот Андреј Петров од Универзитетот во Северна Ајова ги изучува северните елени и објаснува кои се причините за намалувањето на бројот на нивните
Видовме во истиот период значително зголемување на температурите во Тајмирскиот регион – околу 1,5 степени Целзиусови. Видовме и други феномени поврзани со климатските промени. Реките се топат порано и новороденчињата на елените треба да ги препливаат додека претходно можеа да го минат мразот. Ова, се разбира, ја зголемува смртноста кај новороденчињата, објасни професорот.

Според него, потребен е падот на бројот на елените да биде запрен, бидејќи тие се исклучително важни за биодиверзитетот и непроменлив елемент од синџирот на исхрана во регионот. Ирвасите се витални и за живот на луѓето кои живеат во Тајмарскиот полуостров, прецизира Андреј Петров.