
Секоја планета има уникатен феномен. Во случај на Нептун, астрономите веруваат дека ова е дожд на дијаманти. Научниците од Универзитетот Стенфорд успеаја да го репродуцираат овој феномен на Земјата, пишува online Engadget.
Иако дијамантскиот дожд на Нептун е само теорија, научниците докажаа дека е сосема можно. Тие ја користеле лабораторија SLAC за да се возобноват условите на Нептун, а потоа и дожд од минијатурни дијаманти. Научниците се потпирале на полистирен, кој симулира богата атмосфера на метан која ја има на Нептун и поради кој планетата изгледа сина.
Таа содржи водород и јаглерод. За создавањето на дијаманти е потребно голем притисок, што се создава преку специјални алатки со најмоќниот ласер во светот LCLS кој е во лабораторијата SLAC. Во комбинација со дополнителни моќни оптички ласерски зраци, научниците успеале да ги постават условите со висок притисок, кои владеат на Нептун. Ласерите, исто така, направиле некакви шок бранови врз пластичниот материјал.
Од нив речиси сите јаглеродни атоми станаа дијамантски структури од неколку нанометри. Според научниците, таков процес може да создаде дијаманти со милиони карати. Информациите собрани од експериментот, исто така, може да се користат при анализирање на егзопланетите и нивните услови. Ласерите, исто така, може да се користат за пресоздавање на условите на другите планети. Теоретски, опремата исто така може да се користи за создавање дијаманти за научна опрема и комерцијални цели. Научниците, сепак, планираат прво да истражуваат други планети.