Британски научници од Универзитетот во Саутемптон стигнаа до заклучок дека човечкиот мозок продолжува да работи и откако ќе срцето запре. Досега се сметаше дека тој продолжува да работи до 30 секунди по констатира смрт.
Во истражувањето кое опфатило над 2.000 лица, научниците дошле до заклучок дека починатите луѓе сфаќаат што се случува околу нив во текот на три минути по смртта.

“Спротивно на популарното разбирање дека смртта настапува во еден момент, станува јасно дека тоа е процес во кој постепено престанува функцијата на срцето, белите дробови и мозокот. Ако лекарите успеат да го ” оживеат “срцето зборуваме за привремено запирање на неговата работа, но ако не успеат тогаш велиме дека настапила смртта “, објаснува шефот на тимот д-р Сем Парнеја.
Од разговорите водени со 2060 лица од Австрија, Велика Британија и САД, кои преживеале таканаречената “клиничка смрт”, научниците дошле до заклучок дека
речиси 40 отсто од пациентите се сеќаваат на работи и откако биле прогласени за починати .
“Тоа значи дека лицата дефинитивно се сеќаваат на работи и откако ќе починат, но со текот на времето овие случки почнуваат да бледнеат, како резултат на дефектите настанати во мозокот или пак од влијанието на лековите”, прецизира Парнеја.
Два проценти од пациентите кои преживеале клиничка смрт споделиле дека “преживеале вонтелесна” состојба, а речиси половина од нив споделиле дека за време на клиничката смрт не се сеќаваат на ништо, но чувствувале страв.
Еден од пациентите, 57-годишен маж во детали ги опишал случувањата околу него, додека бил во клиничка смрт. Доктор Парнеја е категоричен дека тоа е од големо значење, бидејќи искуствата раскажани досега од пациенти кои доживеале клиничка смрт се сметаа за илузии или халуцинации.
“За прв пат добиваме детали од вистински случки сместени за време на клиничката смрт. Утврдивме дека пациентот бил целосно свесен три минути, во кои срцето престана да работи. Тоа е парадокс, бидејќи мозокот по правило престанува да работи 20-30 секунди откако срцето престанува да чука “, истакнува доктор Парнеја.