Научниците наместо лек за Ковид, откриле супстанца против рак

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Руски научници, во соработка со нивните американски колеги, барајќи активно соединение за борба против вирусот корона, откриле супстанца која потенцијално може да се употреби за третман неуробластомот, еден од најопасните видови на рак.

Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Федералниот универзитет во Северен Кавказ (НКФУ) беа објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија“.

„Истражувачите ја опишаа синтезата на супстанцата која ќе му помогне на човештвото во борбата против неуробластомот, еден од најопасните видови на рак. Хемичарите првобитно трагале по соединение кое би дало резултати во борбата против Ковид 19, но беше увидено дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема“, се наведува во соопштението на НКФУ за ТАСС.

Методот користен во ова истражување се нарекува Аксенова реакција и е откриен во 2010 година.

Слични содржини