Меѓу жените романтичните зажалувања биле два пати почести отколку кај мажите. Мажите пак жалат најмногу за работа и бизнис.Други чести зажалувања биле зажалувањата за финансиски одлуки, родителски грешки, исфрлени можности за образование и семејни кавги.

Проф. Нил Роуз, автор на студијата, вели:
“Ние откривме дека околностите во животот на човекот, како на пример достигнувања или неуспеси, додаваат значително количество гориво во огнот на жалење.
Иако жалењето е болно, тоа е клучна компонента од постоењето на човекот. ”
Луѓето кои немаат партнер имале највисока веројатност за романтични зажалувања, откриле научниците.
Интересно е дека луѓето жалам за дејствит и пропуштања во еднаква мерка. Но токму зажалувањатљ за работи кои луѓето не ги направиле трае подолго. Еве топ 10-тте најчесто опишувани зажалувања:
1. Романтични, изгубената љубов – 18.1%
2. Семејни – 15.9%
3. Образование – 13.1%
4. Кариера – 12.2%
5. Финансии – 9,9%
6. Родителсрво – 9,0%
7. Здравје – 6.3%
8. Други – 5.6%
9. Пријатели – 3.6%
10. Духовни – 2.3%