Научниците од НАСА со сензационално откритие за Месечината!

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Експертите од НАСА дошле до заклучок дека Месечината имала сопствена атмосфера пред три до четири милијарди години, пишува Дејли мирор.

Според новото истражување на вселенската агенција интензивната вулканска активност фрлала гасови на површината на Месечината побрзо отколку што било можно тие да се распространат кон отворен простор-вселената.

Овие ерупции биле составени од гасови како јаглерод моноксид. Тие формирале преодна атмосфера околу Месечината, која се задржала околу 70 милиони години, пред конечно да се смири во вселената.

Специјалистите велат дека атмосферата била погуста пред 3,5 милијарди години. Таа содржела траги од сулфур и вода. Откритието драстично ја менува перцепцијата за Месечината – од безвоздушно карпесто тело до таква што имало атмосфера, погуста од онаа околу Марс во сегашноста, вели еден од истражувачите Дејвид Кринг.