Федералното истражно биро (ФБИ) реши мистерија на која работеше повеќе од еден век. Мумијата стара 4000 години, која ја пронајдоа археолозите во Египет 1915-година, научниците не можеа да откријат дали се работи за машки или женски пол. ФБИ со напредна технологија, со ДНК примерок земен од заб на мумијата, ја реши мистеријата. Мумијата е машко според резултатите на напредната ДНК технологија.

„На почеток мислев дека нема да успее. Мислев дека материјалот ќе биде уништен,“ вели Одел Лорел биолог во ФБИ, за Индипендент.