Научниците пресметале: Колку долго трае спиењето

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Нема сомнение дека квалитетот на спиењето влијае на нашиот целосен живот. Ново истражување покажува дека добриот сон кој трае помеѓу 6 и 8 часа го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, а исто така го продолжува животот, пренесе Life.

Весникот се повикува на научници од Грција и Шпанија, кои истражувале луѓе кои спијат помалку од 6 часа, такви над осум и контролна група, чии спиење е меѓу 6 и 8 часа.

Се покажало дека кај сите учесници надвор оние од третата група се со констатиран ризик од коронарна срцева болест и мозочен удар.

При повторени експерименти со уреди, следење на квалитетите на сонот, научниците утврдиле дека луѓето кои спијат помалку од шест часа имаат фрагментиран сон. Тие биле изложени на зголемен ризик од атеросклероза, дебелина и дијабетес.