Наумоски: Каква иронија е по „Кензо Танге” да нарекуваш институција, откако си го уништил неговиот спомен до непрепознатливост?

од Nikola Popovski
317 прегледи

Каква иронија е по „Кензо Танге” да нарекуваш институција, откако си го уништил неговиот спомен до непрепознатливост, вака поранешниот шеф на кабинетот на екс-градоначалникот на Скопје, Никола Наумоски ја коментираше одлуката на Град Скопје за формирање јавна установа за урбанизам именувана по „Кензо Танге“.

Според Наумоски, „претходно со презир и потсмев се однесувале кон неговата „социјалистичка безличност” и ја користеле како грда спротивност за аргументација на својот велелепен проект „Скопје 2014”.

-Па уште и да биде тоа институцијата што ќе го работи новиот ГУП под наредба на урбаната мафија, со исклучување на останатата стручна јавност и архитектонски факултет… стварно, ова е спротивност на сѐ она по што го паметиме и што претставува Кензо Танге!, потенцира Наумоски.

Претходно беше соопштено дека на предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ.

-Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје, информираа од Град Скопје.

Слични содржини