Наумовски: Ќе беше погрешно ако ниту еден шарен активист не влезеше во власта

од Nikola Popovski

„Јас секој ден водам борба со опозицијата во град Скопје, на Советот на град Скопје, со партии кои не се дел ниту од власта, ниту од опозицијата и не би рекол дека сум ѝ свртел грб на Шарената револуција“, вели Никола Наумовски, дел од Кабинетот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

„Немам проблем да спијам или да се премислувам за тоа што сум го направил, бидејќи ниту еден компромис не бил доволно тежок за да се премислам дали вреди сево ова“, смета тој.

Според него, во Шарената револуција учествувале секакви луѓе со секакви барања.

„И Соросоиди, и ЛГБТ-активисти, учествуваа и националисти од партии. Тогаш борбата беше против власта и се бараше правда. Ќе беше погрешно ако оставевме ниту еден шарен активист да не влезе во власта. Така ќе оставевме бришан простор на СДСМ, а особено на помалите партии да наметнат агенда во институциите. Јас сметам дека успешко ја наметнав скопската шарена агенда“, вели Наумовски.

Слични содржини