Предлогот исто така ќе им го олесни пристапот до швајцарско државјанство на странците кои преку своите сопружници сакаат да добијат државјанство.
„ Во 2017 ветивме седум капитални проекти, денес, сите седум се или реализирани или во фаза на реализација.Во Волково, за првпат изградивме детска градинка, по многумина најмодерна и најсовремена не само овде, туку и во регионот. По 60 години Јоаким Крчовски доби спортска сала. Денес 400 ученици и сите жители на Волково имаат можност да спортуваат во нова модерна спортска сала, изградивме нов кружен тек, на многу улици ставивме крај на септичките јами со поставување на канализација а потоа и асфалт. Посветено за Ѓорче не е само обичен слоган, тоа е суштината на нашето дејствување во овие четири години “ порача градоначалникот Наумоски.