Наумоски за „Тајни имоти“: Дефокусот на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лаги е само доказ за криење на неспособност

од Берта Китинска

Уредно во законскиот рок е пријавена промена на мојот имот, стои во дематот на Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија кој се најде на списокот на аферата „Тајни имот“ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со продажба на постојно возило и купување старо возило со година на производство од 2010 година. 12 години старо возило БМВ Х5 е луксуз?Дополнително укажувам дека Антикорупциската комисија (ДКСК) во својата база ги немаат ажурирано моите податоци од 2009 година како член на Совет на Град Скопје.Подолу во прилог е пријавата со промена уредно доставена.
Во оваа прилика би сакал да пријавам до Дпмне дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години.

За четири години во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод 5 километри, фекалнa 40 километри, паркинг 7700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на Детелинка со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД SMART осветлување , го вративме старото Корзо, изграден е кружен тек во Волково, Јоаким Крчоски после 60 години доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во Паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче…

Доградба на две училишта. И многу други проекти.Постојните проекти со кои се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови. Како, фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, крововите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на Крстот во Кучково и сите други општински проекти без тие кои ги прави Град Скопје.Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добит е само доказ за криење на неспособност, пишува во својата реакција Наумоски.

Слични содржини