Дополнителниот заменик-минситер за финансии Кире Наумов во соопштение во врска со аукцијата на државни хартии од вредност одржана денеска вели дека во предизборниот период се задолжуваат граѓаните за износ три пати поголем од износот на долговите што доспеваат за враќање.

Наумов наведува дека со денешната аукција на државни хартии од вредност граѓаните се задолжени со 9,2 милиони евра.
Министерството за финансии пак попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во врска со аукцијата на државни хартии од вредност.
– Дали целата пропаганда поврзана со издавањето на државни хартии од вредност е во насока на предизвикување проблеми на пазарот на капитал во земјава, како што беше примерот со приказните за девлвација на денарот во април, кога граѓаните изгубија над 4 милиони евра поради предвереме разорочени депозити, или како писмата од страна на СДСМ при издавање на еврообврзницата што ја чинеа Македонија и граѓаните 30 милиони евра?, прашува Министерството за финансии.