Наумовски: Идејата дека Македонија и Албанија не можат да се раздвојат во суштина е една замка

од Nikola Popovski
322 прегледи

„Во изјавата на Вархеји гледам дека не е тајна дека не само оние држави што отворено се противници на проширувањето, се во суштина противници на овој процес, туку постојат и други држави, кои што се затскриени во ставовиве на оние кои отворено го прават“, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски, гостувајќи во емисијата „360 степени“.

Тој додава дека ова сме го имале во минатото, но и ќе продолжи да биде и понатаму.

„Идејата дека двете држави на патот кон ЕУ, не можат да се раздвојат во суштина е една замка, затоа што секогаш ќе има премолчена согласно дел од државите да се противат на напредокот на Македонија, а дел да се противат на напредокот на Албанија. Се додека тие се држат заедно, во суштина ниедна да оди напред“, смета Наумовски.

Слични содржини