Навални излегол од кома

од Nikola Popovski
199 прегледи

Рускиот опозиционер Алексеј Навални излегол од кома и исклучен е од респираторна машина, објави клиниката „Шарите“.

„Состојбата на Алексеј Навални, кој се лекуваше во Шарите од 22 август, е подобрена. Тој дговара на вербални стимули. Прерано е да се проценат потенцијалните долгорочни последици од неговото тешко труење“, велат од клиниката.

На Навални му се слоши на 20 август додека леташе од Томск кон Москва. Утрото на 22 август беше пренесен во клиниката „Шарите“ во Берлин. Неговите лекари соопштија дека во неговото тело се пронајдени знаци за труење. Според лекарите, симптомите на труење постепено се намалуваат.

Германската влада вчера соопшти дека германските воени токсиколози откриле оти Навални бил изложен на нервен агенс од групата „новичок“. Берлин ја повика Москва да ги разјасни околностите на инцидентот и вети дека ќе го извести рускиот амбасадор за резултатите од тестовите на Навални.

Слични содржини