Навални објави како тече неговото закрепнување (фото)

од Nikola Popovski
138 прегледи

Рускиот опозиционер Алексеј Навални објави на својот прпофил на Инстаграм нова фотографија од неговото закрепнување на клиниката Шарите во Берлин.

Навални напишал дека шпекулациите дека има потешкотиите при користењето телефон или фактот дека не може да си наполни чаша вода се само глупави.

Тој објаснил дека пред извесно време не препознавал луѓе ниту можел да зборува. Според него, секое утро доктор доаѓал кај него со табла и го замолувал да напише збор.

„Ме доведе до очај, иако веќе разбрав се што сакаше лекарот, не знаев каде да најдам зборови. Во кој дел од главата стојат? Каде да најдам збор и што можам да направам за да значи нешто?“, навел опозиционерот, нагласувајќи дека сето тоа за него било неразбирливо.

Тој не знаел како да го изрази својот очај и затоа едноставно молчел. Ова е, според блогерот, подоцнежна фаза што на која може да се присети.

https://www.instagram.com/p/CFUAPu8llSO/?utm_source=ig_embed

Слични содржини