Навални: Очекувам „сталинистичка“ казна од 18 години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој издржува затворска казна, денеска изјави дека очекува да добие уште една, како што вели, „сталинистичка“ казна од приближно 18 години затвор.

„Тоа ќе биде долга казна, таканаречена ‘сталинистичка’“, наведе Навални во објава на неговата веб-страница пред изрекувањето на пресудата, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека обвинителството побарало 20 години, а очекува да добие затворска казна од 18 години.

Слични содржини