Авионот во кој е рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални, полетал од Омск за Берлин, јавуваат руските медиуми.
Според податоците на „Flight Radar“, станува збор за авионот „Бомбардир Челинџер 604“, кој треба да слета на аеродромот Шенефилд во девет часот по локално време.
Како што беше најавено, непосредно пред полетувањето, тим на лекари го пренеле Навални од болницата на аеродромот во Омск, во придружба на полицијата.
Патем, вчера во Омск, каде Навални беше во болницата за реанимација, лекарите дале зелено светло за тој да биде пренесен на лекување во странство.
Russian opposition leader Alexei #Navalny was transported from a hospital in #Omsk to Tsentralny Airport on Saturday morning. He is set to be flown to #Germany for further treatment, after he fell ill with suspected poisoning on Thursday.
FULL STORY: https://t.co/OyV0nmJ9d4 pic.twitter.com/9J8x3vHsAL
— Ruptly (@Ruptly) August 22, 2020
Одлуката е донесена откако сопругата на Навални побарала од рускиот претседател Владимир Путин да го одобри неговиот трансфер на клиника во Германија.
Авионот со лекарите од Германија пристигнал во Омск уште порано. Според последните информации, состојбата на Навални е стабилна и тој е надвор од опасност.
Лидерот на опозицијата Алексеј Навални беше хоспитализиран откако му се слошило на летот од Томск за Москва, па авионот итно слетал во Омск. Неговата портпаролка Кира Јармиш изјавила дека се сомнева дека Навални е отруен, иако токсиколошките анализи не откриле никакви траги на труење во неговата крв или урина.