Рускиот опозиционер Алексеј Навални бил префрлен од болницата во Омск на клиника во Берлин, а според германските медиуми, неговата состојба и понатаму е стабилна, по летот од Русија.
Неколку амбулантни возила придружени од полицијата пристигнале пред клиниката „Шарит“ околу 10.30 часот по локално време, по што Навални бил однесен во болницата на носилки.
Navaljni prevezen u kliniku Šarite u Berlinu.
Nemački mediji izveštavaju o stabilnom stanju pacijenta posle leta iz Omska. #Navalnyi #Berlin #Omsk #SputnikSrbija #Sputnik #Video👇👇👇 pic.twitter.com/Ga8IUGISzV
— Sputnik Србијa (@rs_sputnik) August 22, 2020
Германските медиуми наведуваат дека здравствената состојба на Навални е стабилна, а како што е најавено, членовите на неговото семејство ќе се обратат до јавноста за дополнителни информации откако ќе заврши испитувањето.
Ruski lider opozicije Aleksej Navaljni prebačen je iz bolnice u Omsku na aerodrom Centralni, a odatle u Nemačku na dalje lečenje. #Omsk #Navalnyi #SputnikSrbija
👇👇👇 pic.twitter.com/GdUWbPsmqM
— Sputnik Србијa (@rs_sputnik) August 22, 2020
Како што беше најавено, непосредно пред полетувањето, тим на лекари го пренеле Навални од болницата на аеродромот во Омск, во придружба на полицијата, а вчера во болницата за реанимација во Омск, лекарите дале зелено светло за тој да биде пренесен на лекување во странство.
Одлуката е донесена откако сопругата на Навални побарала од рускиот претседател Владимир Путин да го одобри неговиот трансфер на клиника во Германија.