Навални: Против мене се води истрага за тероризам, ми се закануваат уште 30 години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
132 прегледи

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека против него се води истрага за обвиненија за тероризам и може да биде осуден на уште 30 години затвор.

„Тие упатија апсурдни обвинувања дека ми се закануваат 30 години затвор… дека јас додека сум во затвор извршувам терористички дејствија“, ги објавија коментарите на Навални на Твитер неговите соработници, пренесе „Ројтерс“.

Овој месец, руските истражители официјално ги поврзаа поддржувачите на Навални со убиството на Владлен Татарски, популарен воен блогер и поддржувач на руската инвазија на Украина, кој беше убиен во бомбашки напад во Санкт Петербург.

Слични содржини