Навални во среда пред судот во Москва ќе одговара за новите обвиненија

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Градскиот суд во Москва ќе го одржи првото рочиште во среда, на 31 мај, во новата кривична постапка против затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални по бројни обвиненија, вклучително и создавање на екстремистичка организација, пренесува „Ројтерс“, според официјалните документи објавени на веб-страницата на судот.

Навални минатиот месец објави дека обвинителството покренало, како што рече, „апсурден“ случај против него поради сомневање за тероризам, поради што може да биде осуден на дополнителни 30 години затвор.

Тој веќе отслужува затворска казна од 11 и пол години за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна, обвиненија кои ги отфрли како неосновани и дизајнирани да го замолчат.

Слични содржини