Навас може да го замени Касиљас во Порто

од Vladimir Zorba

Голманот на Реал, Кејлор Навас може да го напушти клубот по завршување на сезоната. Заинтересиран за 32-годишниот Костариканец е Порто, објави „Спорт Медиасет“.

Како што е наведено, раководството на португалскиот тим во Навас гледа замена за Икер Касиљас, кој може да ја заврши кариерата по срцевот удар.

Веројатноста на трансферот се проценува на 80 проценти.

Претходно беше објавено дека главниот тренер на Реал, Зинедин Зидан не смета на Навас за следната сезона.

Во сезоната 2018/19, Кејлор Навас има одиграни 20 натпревари и 19 примени голови. На седум натпревари голманот успеа да ја зачува мрежата „сува“.

Слични содржини