Навиките кои ја уништуваат убавината

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Најдобриот совет кој може да се даде за убавината е дека треба да се постигне рамнотежа. Бројните совети за секојдневната рутина, кои даваат ефект, често можат да се покажат како најголемите стапици. Резултатите при претерувањето со што и да е никогаш нема како да бидат добри.0515c076d42d36562f40012359ee84fc

Во голема мера, сепак, сами не сме свесни какви грешки дозволуваме со инаку толку корисните навики. Ви претставуваме листа со најчестите секојдневни активности врзани за убавината со кои повеќе си штетиме отколку што помагаме.

1. Фризура

Премногу тесните коњски опашки, кокови и какви и да било фризури се многу штетни за косата. Освеншто го влечете влакното, вие го затегнувате од корен – причина за големото паѓање на косата. Наместо да се потпрете на тесниот ластик кој ќе ги прибере разлетаните влакненца, користете алтернативни опции. Како лак за коса, на пример.

2. Четка за заби

Добро е да ги миете забите по секој оброк и задолжително наутро и пред да легнете да спиете. Нема проблем со зачестеноста со која го правите, но има значење како точно ги четкаме забите. Ако сте премногу агресивни, во обидот да ги отстраните сите остатоци храна, подобро престанете. Штетата што може да ја нанесете е целосно отстранување на забниот емајл со што ќе се зголеми чувствителноста и можноста за тешката појава на проблеми и кариес.

3. Педикир

Без разлика колку чист и неверојатен да ви се чини козметичкиот салон, педикир не е сосема безбеден. Предавничката постапка крие ризик од габични инфекции, кои често остануваат на инструментите и откако ќе се дезинфицираат. Најдобро е да останете нозете сами дома, освен ако не сакате да си одите од салонот со многу повеќе од само неколку декорации на нозете.

4. Пинцети

Секогаш е добро да се задржи добрата хигиена на сите алатки за убавина. Почнувајќи од турпијата за нокти, нокторезачката, ножичките, четките за коса и така натаму. Најопасното кај пинцетите е дека носат бактерии директно на повредената површина на кожата. Може да се случи да лекувате опасни инфекции и да имате многу посериозни проблеми од две влакна плус на веѓите.

5. Витамини

Земањето на секојдневната неопходна доза витамини е исклучително важна. Така ги одржиме здрави ноктите, косата и кожата. Акоја надминете количината на витамин B3, ризикувате вашата кожа да биде затемнета, бидејќи се добива хиперпродукција на мелатонин. Тука не станува збор само за прехранбените адитиви кои ги земате во форма на апчиња, туку дури и за соковите и свежо цедените сокови. Консумирањето чаша и половина сок од моркови, на пример, нагло ја зголемува горната граница на витамин А и бета-каротин – причини за губење на косата и појава на портокалова нијанса на кожата.