Навивач му подал на Ѓоковиќ македонско знаме да се потпише, не можел да го сокрие ентузијазмот

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:0 во сетови.

Трибините беа исполнети во голем број, а иако публиката беше претежно наклонета кон локалниот тенисер, присутни беа и голем број навивачи на Новак од регионот.

Меѓу нив беше и момче од Северна Македонија, кое по натпреварот успеа да го довика Новак. Кога се доближил Ѓоковиќ, навивачот му дал знаме за да може Србинот да го потпише, а со гестот потоа овој млад човек покажал колку го сака Ѓоковиќ.

Имено, кога Новак му го предал потпишаното знаме, младиот човек не можел да го сокрие ентузијазмот, па го бакнал, а потоа среќен си заминал од трибините, пренесе „Телеграф.рс“.

Слични содржини