Навивачите на Барселона не сакаат да се врати Нејмар

од Vlatko K
118 прегледи

Фановите на Барселона не се согласуваат со евентуалното враќање во тимот на Бразилецот Нејмар.

„Ел Мундо Депортиво“ спроведе анкета меѓу навивачите на каталонскиот клуб. На прашањето „Дали ќе го прифатите враќањето на Нејмар во Барселона? 71,2 проценти од испитаниците одговориле негативно.

Фановите не го прифатија начинот на кој Бразилецот го напуштил клубот, одејќи во ПСЖ. Исто така, нивните стравови се предизвикани од физичката состојба на Нејмар, кој често се повредува и му треба долг период за закрепнување.