Навивачот кој го дупна тапанот за Македонија, доби нов таков инструмент (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Македонскиот навивач, кој стана хит на социјалните мрежи, откако беше фатен во урнебесна позиција, доби нов тапан.

За време и по натпреварот со Украина тој удираше на дупнат тапан, а за да ја продолжи приказната доби нов исто таков иструмент.

Македонската репрезентација ги загуби првите два натпревари во групата Ф од Европското првенство, а во понеделник ѝ гостуваме на Холандија на арената „Јохан Кројф“, што е шанса за да ги освоиме првите бодови.

 

Слични содржини