Навреме запрен: Бугарин фатен со електрошок и солзавец на граница!

од desk4
79 прегледи

Бугарски државјанин вчера бил приведен на граничниот премин Табановце при обид да влезе во Македонија од Србија. При контролата во неговото возило биле пронајдени електрошок и солзавец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни околу 10:50 часот, полицијата го задржала 37-годишниот Р.А. од Бугарија, кој управувал „нисан“ со германски регистарски таблици. По пронаоѓањето на забранетите предмети, тој бил приведен и предаден на полицијата во Куманово за понатамошна истрага и постапка.

Оваа акција е дел од редовните проверки на граничните премини со цел спречување на влез на опасни предмети во земјата.