Нажила Триндаде шест часа даваше исказ во полициска станица за наводното силување од Нејмар

од Vlatko K
510 прегледи

Дваесет и шест годишната Нажила Триндаде, која го обвини бразилскиот фудбалер Нејмар за
силување во хотел во Париз во средината на мај, се појави на распит во полицијата во Сао Паоло,
пренесоа американските медиуми.


Таа беше испрашувана шест часа. На крајот од сослушувањето, таа беше инесена на раце од
нејзиниот адвокат. Жената го криеше лицето со црна јакна. Засега не е јасно зошто била во таква
состојба. Не е јасно и што им кажала на инспекторите.

Нејмар ги негира обвинувањата на Нажила, со кого на почеток комуницирал во социјалната мрежа
Instagram. Жената тврди дека Нејмар станал агресивен кога таа одбила да има незаштитен секс со
него на 15-ти мај. Потоа, според нејзините зборови, ја удрил неколку пати и ја силувал.

Нејмар беше сослушан во полицијата во Рио де Жанеиро, бидејќи објавил видео со
предизвикувачки кадри и пораки примени во Инстаграм од својата обвинителка. Оваа публикација
се одржа без нејзина дозвола и против Нејмар започна истрага за сајбер пиратеријата. Тој исто така
ќе биде испрашуван за обвинувањата за силување.

Истовремено агентите на Нејмар од компанијата „Ен Ар Спортс“ рекоа дека тој и некои од
спонзорите се договориле да прекинат привремено некои рекламни кампањи по појавата на
тврдењата за силување, пренесоа агенциите.

Не специфицира кои рекламни кампањи се вклучени. Компанијата соопшти дека ниту еден од
спонзорските договори на Нејмар не е целосно прекинат.

„Мастеркард“ планира рекламната кампања со Нејмар да се совпадне со Копа Америка, но
бразилските медиуми објавија дека таа била откажана. „Најк“, кој исто така е спонзор на Нејмар,
изрази голема загриженост во врска со обвиненијата.