Најмалку 27 тела на мигранти се пронајдени на плажа во јужна Италија по бродоломот во близина на источниот брег на Калабрија, објавија денеска АНСА и други италијански новински агенции.
Потврдено е дека се спасени околу 40 луѓе, а спасувачката операција се уште е во тек, пренесe Ројтерс.
Италијанската новинска агенција АГИ јави дека меѓу загинатите има и неколкумесечно бебе, velat od АП.
Италијанското државно радио јави дека околу 30 мигранти се удавиле откако нивниот брод со повеќе од 100 луѓе се превртел крај брегот на јужна Италија. Според извештаите, италијанската крајбрежна стража забележала околу 30 тела на мигранти откако нивниот брод се распаднал во разбрануваното море во близина на јужниот брег на италијанското копно.
Пронајдени се околу 40 преживеани, изјави портпаролот на противпожарната служба Лука Кари.
Тој не го прецизираше бројот на загинатите мигранти бидејќи спасувачката операција се уште трае. Крајбрежната стража, граничната полиција и пловните објекти за гаснење беа вклучени во спасувачката операција, а нивните претставници не беа веднаш достапни за да дадат дополнителни детали, пренесе АП.