НБА играч реши да се пензионира на 21 година и да ѝ се посвети на религијата

од Nikola Popovski
43 прегледи

Шеснаесеттиот пик на драфтот во НБА во 2022 година, Еј Џеј Грифин, објасни дека ја завршил својата професионална кариера за да се посвети на својата вера.

Грифин помина две сезони во НБА со Атланта Хокс, а неодамна беше трејдуван во Хјустон Рокетс во трејд со три тима.

21-годишниот играч настапи на 92 натпревари во НБА, со просек од 7,5 поени и 1,9 скока. Уште пред официјалната одлука да стави крај на професионалната кариера, тој зборуваше за тоа колку е посветен на својата вера.

Кошаркарот кој настапуваше како крило и бек најави и дека ќе стане свештеник откако Хјустон со меѓусебен договор го откупи договорот на Грифин.

„Да скратам, се откажав од кошарката за да го следам Исус и да се посветам на религијата. Знам дека во очите на другите луѓе тоа изгледа како пораз, но сакав да ви кажам дека сум многу возбуден што навистина ќе му служам на Бог и ќе станам свештеник“, рекол Грифин, додавајќи:

„Чувствувам дека напуштањето на кошарката ми овозможува целосно да се посветам на црковните активности и религијата и да му служам на Бог – со целото мое срце и постојано. Со нетрпение го очекувам она што претстои“.

Слични содржини